Еден авион од компанијата „Ер Њу Зиланд“ неодамна беше принуден наместо на аеродромот во Оукленд, да слета во воената воздухопловна база Охакеа, оддалечена околу 500 километри од првобитната дестинација.
Наредбата за промена на локацијата за слетување дошла откако додека авионот се приближувал до пистата, бил забележан дрон во близина.
Поради тоа авионот кружел триесетина минути над Оукленд, по што се упатил кон југ.
Агенцијата за мониторинг на воздушниот сообраќај на Нов Зеланд соопшти дека пилотот ги предупредил на присувство во сообраќајот околу аеродромот.
Според нивниот извештај, околу 20 авиони потоа одлучиле да не слетуваат на аеродромот и продолжиле да кружат на небото додека не добиле дозвола за слетување. Еден јапонски авион морал да се врати и да дополнува гориво.
Полицијата започнала потера по дронот, меѓутоа не успеала да го пронајде.