СДСМ: Доколку се грижеа за потребите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ досега ќе го изградеше Клиничкиот центар

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку навистина се грижеа за потребите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ досега за време на нивното владеење ќе го изградеа Клиничкиот центар. Но наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ преку криминалното владеење целосно го опустоши здравството.

За разлика од неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ која за 11 години не успеа да изгради Клинички центар, Владата предводена од СДСМ со изборот на новата локација гради целосно нов Клинички центар којшто ќе нуди интегрирани здравствени услуги.

Проектот за новиот клинички центар вреден 420 милиони евра на долг рок станува поисплатлив и поевтин и е историска инвестиција, Македонија добива клинички центар по 1947 година, односно после 80 години.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ којашто го опустоши здравството и неколкупати ја одлагаше изградбата на Клиничкиот центар, Владата предводена од СДСМ останува силно посветена во градењето на квалитетен, модерен и ефикасен здравствен систем кој обезбедува навремени и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски