„Стој полиција ни рече човекот со пушка во рацете, кој не пресретна кога тргнавме да си одиме дома од Смилковското езеро“, рече Бајрам Мемедов, сведок на обвинителството во случајот Монструм.
Медов но и другите другите сведоци, потврдија дека човекот им рекол да се вратат назад оти ќе ги убие, а на 15-20 метри кога се враќале слушнале пукање. Мемедов тврдеше дека освен човекот со пушка не видел никој друг зад него, но друг сведок вели дека зад него видел уште други три или четири лица вооружени со пушки.
Кога тргнале да си одат Мемедов вели дека видел автомобил караван со темносина боја со фаровите свртени кон езерото.
„Човекот што ни излезе со пушката не личи на овие луѓе“, рече Мемедов.
Денеска пред суодт сведочеа и сведоците на обвинителството, кои тврдат дека ловеле риба на Смилковското езеро на денот кога се случи убиството од таму си заминале околу 16 часот.
Ахмет Бекир вели дека на езерото три, четири момчиња им побарале леб за да фаќаат и тие риба, а потоа заминале.
Кога почнало да се стемнува тргнале да си одат, но патот им го попречил човек со пушка во рацете, ги прашал како се викаат и им рекол `Бегајте назад, оти ќе ве убијам`, сведочел Бекир.
Додека се враќале слушнале истрели едно по друго.
Сведокот Несим Кемал тврди дека зад човекот со пушка имало уште три лица но никој од сведоците не го, препозна тој човек со пушка меѓу обвинетите.
Одбраната тврди дека изјавите на сведоците се контрадикторни и дека меѓу обвинетите не го препознале човекот со пушка.
Судењето продолжува на 8-ми февруари.