Во судири со Талибанците во Авганистан убиени 18 војници

Од:

Најмалку 18 авганистански војници и припадници на специјалните единици се убиени во судирите во провинцијата Фарах, западно во Авганистан, соопшти официјален претставник на локалните власти.

Талибанците ја нападнале војската во текот на ноќта.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Авганистан Давлат Вазири изјави дека се убиени четворица припадници на специјалните единици и дека неколку се ранети.

Шефот на локалниот провинциски совет Фарид Бактавар рече дека има 18 починати.

За време на судирите убиени се и 25 бунтовници.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан