Започна изградбата на потпорен ѕид на влезот на селото Речанe

Од:

Погодните атосферски услови, овозможија да се започне со изградба на потпорен ѕид покрај патот на влезот во селото Речане, каде што како последица на облините врнежи дојде до лизгање на земјиштето и се закануваше пропаѓање на патот и оштетување на куќите покрај патот, соопштуваат од Општина Гостивар.

Вчера во текот на целиот денот, но и ноќта во доцните часови, интензивно се работеше на подготовување на теренот, како и отворање на алтернативниот пат за во градот, а денеска почна и изградбата на потпорниот ѕид.

Неасфалтираниот делпод атот што води од селото до Каменолмот на магистралниот пат Гостивар-Кичево се прошири и се нивелира, овозможувајќи непречен сообраќај на возилата во двете насоки, што значи дека додека се одвиваат градежните работи, истиот ќе може да послужи како алтернативен пат за в град. Сепак, изведувачот на работите ќе направи сè што е можно, сепак главниот пат да остане прооден.

Иако станува збор за проект чија реализација бара многу работа и време, се очекува дека со голема посветеност, со интензивна работа и продолжено работно време, градежните работи да завршат во рок од четири-пет дена, велат од Општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли