Заев на средба со комуналните инспектори: Ќе се подобрува статусот на комуналните инспектори

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со претставници од Здружението на комунални инспектори на Македонија.

Премиерот Заев ја оцени оваа средба како можност да се поразговара за важни теми од комуналната сфера која што е клучна за подобрување на здравата животна средина и екологијата.

Комуналните инспектори, членови на здружението, го информираа премиерот за нивните предлози за законски измени во постоечкото законско решение, кое ја регулира оваа проблематика, како и за подобрување на статусот на комуналните инспектори.

Во насока кон подобрување на имплементирањето на комуналните закони, како и предлагањето практични решенија кои произлегуваат од нивната работа, побараа да бидат почесто консултирани во носењето на законите, подзаконските акти и правилниците за работа на инспекторатите.

Премиерот Заев, на средбата се заложи во иднина членови од здружението да бидат вклучени на сите работни состаноци во министерството за транспорт и врски, кога се носат правилници за работа на инспекторатот, а исто така најави дека ќе го задолжи министерството за информатичко општество и администрација да ги додаде општинските комунални инспектори во правилникот за работни места со висок ризик по здравјето и животот на државните службеници од 1, 2 и 3 степен.

Премиерот искажа силна поддршка за работата на инспекторите, охрабрувајќи ги да бидат поактивни во поднесувањето конкретни предлози и да ја зајакнат комуникацијата со надлежните министерства. Исто така, побара од нив активно и посветено да се справуваат со отстранувањето на загадувачите и сметот во урбаните и руралните средини во периодот што следи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот