Груби: Законот за јазиците е шанса Македонија да стане силно кохезивно општество

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, оствари средба со Кетрин Барнс, Раководител на Одделот за Албанија, Косово и Македонија во Секторот за Западен Балкан во Британското Министерство за надворешни работи, амбасадорот на Обединетото кралство, Чарлс Гарет, Џереми Вилмшурст, политички секретар во Британската амбасада во Виена.

​На средбата, Груби, ги информира гостите за актуелните случувања во земјата, во однос на активностите на Собранието за реализацијата на предвидените активности во рамките на Реформскиот план на Владата, пред се за реформите во правосудниот систем и другите области, кои се бараат од земјата за симнување на условеноста на препораката за почеток на преговори за ЕУ членство во априлскиот извештај на Европската комисија, спорот со името како и за јазичната еднаквост,

Во тој контекст, Груби ги остакна неговите видувања за решавањето на спорот со името и добрососедските односи на земјата, при што истакна очекување за достоинствено решение на контестот кој што не држи далеку од Брисел.

На средбата, беше разговарано и за реформите, при што Груби истакна дека процесите во Собранието во однос на усвојување на реформски закони и транспарентост се во многу добар тек и нагласи дека скоро очекува и договор и усогласување на 2/3 закони и со опозицијата.

Во однос на Законот за Јазиците, Груби рече дека решение на ова прашање е разговарано, преговарано и договорено и претходно со ВМРО и сега со СДСМ, додека јавноста дебатира за ова прашање веќе 16 години. Овој закон е шанса за опозицијата, за Иванов, но и за сите други да придонесат Македонија да стане силно кохезивно општество со заокружен нормативен дел на Охридскиот Договор.

Груби коментираше и околу односите во коалицијата, пришто истакна дека се одлични и покрај постојаните напори преку лажни вести, пропаганда и непостоечки ситуации да се нарушат односите.

Би можело да ве интересира

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

ВЛЕН: ДУИ го присвои Охридскиот договор и сега го кочи Законот за правична застапеност