АВМУ ги осудува заканите упатени кон Селмани

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани.

– Заканите и нападите врз новинарите се апсолутно неприфатливи и претставуваат поткопување на демократијата и на правото на јавноста за објективно и професионално информирање. Ваквите појави придонесуваат за слабеење на слободата на медиумите и на нивната способност за слободно и независно известување, се вели во соопштението на АВМУ.

Агенцијата апелира да им се овозможи на новинарите непречено да ја вршат својата работа, ослободени од какви било закани и притисоци.

Селмани добил заканувачка порака на Фејсбук од братот на Бекир Асани, Бејтула Асани, откако претседателот на ЗНМ на својот профил напишал дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје