Нормална сообраќајна фрекфенција на ГП „Богородица“ за Денот на жената

Од:

На граничниот премин „Богородица“ за Меѓународниот ден на жената не е видлива зголемена сообраќајна фреквенција. Од синоќа па и утрово, прометот на патнички возила, автобуси и камиони за излез од земјава е секојдневен, а не е забележано ниту зголемено присутво на автобуси од туристички агенции, изјави за МИА командирот на Граничната полиција, Миле Тошев.

Задржувањето на возилата е сведено на минимум, односно само колку што треба за царинските формалности и проверката на патните документи. Ова се однесува за нашиот дел од границата,но веројатно иста е состојбата и за влез во Грција.

Повеќе возила, особено грчки, можат да се забележат на спротивната лента, односно на влез во земјава, затоа што секој четврток грчките државјани од северниот дел на земјата доаѓаат на пазар во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он