Белгиските власти им поделиле денеска на своите граѓани таблети со јод, кои се конзумираат во случај на нуклеарна катастрофа.
Таблетите, според наводите на европските медиуми, им се поделени на оние жители кои живеат на растојание од 100 километри од секоја нуклеарна централа.
Не се објаснува зошто таблетите се делеле токму денеска, но тоа не е првпат да се прави само во Белгија, туку и во соседните Холандија и Германија. И претходно се дебатирало дали таблетите со јод претставуваат мерка за претпазливост од можни дефекти на нуклеарките или од терористички напади.
Белгија од нуклеарните централи обезбедува 51 отсто од потребите за електрична енергија, а две нејзини нуклеарки, поради дотраеност, биле причина за стравување на соседните држави.