Писмо на Ајнштајн продадено за повеќе од 100.000 долари

Од:

Писмо на физичарот Алберт Ајнштајн, напишано во Берлин во 1928 година, е продадено на аукција во Ерусалим за 103.700 долари (83.500 евра). Името на купувачот не се соопштува.

Ајнштајн во писмото, инаку напишано на германски јазик, говори за „третата фаза на Теоријата за релативитетот“, а го испратил на свој колега.

На аукцијата се продадени и други писма, фотографии и автограми на Ајнштајн, кој инаку е добитник на Нобеловата награда за физика од 1921 година.

– Овие писма ја откриваат сложеноста на големиот ум, изјави Гал Винер, директор на аукциската куќа „Винерс“.

Ракописна порака, односно совет на Ајнштајн за „тајните на среќата”, лани во октомври, исто така во Ерусалим, беше продадена за 1,56 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска