Во Кривичниот суд продолжи судењето за масакрот кај Смилковското Езеро во кој беа убиени четири момчиња и еден рибар.
Грозоморното убиство се случи во април минатата година.
Во судскиот процес има и заштитен сведок, кој според истражниот судија, дал детали кои обвинетите ги поврзуваат со масакрот кај Смилковското Езеро.
Обвинетите тврдат дека обвинителството нема никакви докази за обвинението.
Пред два дена родителите на петмината убиени, сведочеа, гледајќи ги директно обвинетите.
Родителите се уште незнаат дали и колква отштета ќе бараат од обвинетите, за кои немаат сомневање дека се убијците, па затоа Судот до крајот на главниот претрес дополнително ќе го известат.
Таткото на Александар Наќевски, Горан изјави дека ќе бара отштета бидејќи бил сигурен дека осомничените го убиле неговиот син.