Општина Гевгелија и Македонската опера и балет на гевгеличанки ќе им го честитаат Меѓународниот ден на жената 8 Март со организирање концерт насловен „Љубов низ арија ти подарувам“.
Според најавата ,во рамки на концертот популарни оперски арии ќе изведат Марјан Николовски, Ана Ројдева, Марија Наумовска и Никола Стојчевски со пијано придружба од Елена Сиљаноска.
Концертот ќе се одржи утре вечер, со почеток во 19 чаот и 30 минути, во салата на Народниот театар во Гевгелија.