Средба Заев-Сарацин: Во интерес на Македонија е реализација на реформите за осигурување владеење на правото

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Мануел Сарацин, пратеник во германскиот Бундестаг, придружуван од амбасадорот на Република Германија во Република Македонија, Томас Герберих.

Пратеникот Сарацин пренесе позитивни впечатоци од официјалната посета на премиерот Заев и на владината делегација на Република Германија и изрази надеж дека Владата и Република Македонија ќе продолжат по започнатиот реформски пат и политиките на градење пријателства што ги отвораат евро-атлантските перспективи на земјава.

-Поддршката што ја добива Република Македонија од Република Германија е големо охрабрување дека Германија е фокусирана на стабилна Македонија и на стабилен Балкан, на подобрување на животот на граѓаните во нашата држава, со оглед на одличната економска соработка и инвестициите, како и на приближувањето на Република Македонија кон ЕУ, рече премиерот Заев.

На средбата заеднички е констатирано дека во интерес на Република Македонија е реализацијата на важните реформи, посебно за судството, коишто треба да осигураат владеење на правото. Исто така заклучено е дека ова е важен период за државава, кога сите треба да дадат свој придонес во процесите.

Би можело да ве интересира

Мерц му порача на Израел: Дозволете хуманитарната помош да стигне до луѓето

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

За украдено плишано мече сопственикот нуди награда од 5.000 евра

А1он

Бербок потрошила 20.849 евра за шминка за три месеци, а Шолц 13.015 евра за четки за пудра

(ВИДЕО) Хорор на фестивалот: Огномет експлодираше во публиката, голем број повредени

Германската влада не го поддржува нацрт-буџетот на ЕУ