Брајант: Чувството да добиеш Оскар е подобро од НБА титула

Од:

Кошаркарската легенда Коби Брајант, по доделувањето на наградите на Американската филмска академија, изјави дека подобро се чувствувал кога го освоил Оскарот, отколку сите НБА титули.

– Да бидам искрен со Вас подобро се чувствував кога го освоив Оскарот, изјави Брајант по свеченоста во Лос Анџелес.

Брајант во соработка со Глен Кин за „Драга кошарко“ ја доби наградата Оскар за најдобар краткометражен анимиран филм.

Петкратниот НБА-шампион со Лос Анџелес Лејкерс беше ѕвезда на вечерта по завршувањето на доделувањето на Оскарите. Брајант беше дочекан со овации во прес-центарот, а новинарите му поставија најмногу прашања од сите добитници на наградата.

Би можело да ве интересира

Билет од последниот натпревар на Брајант продаден на аукција за 40 илјади долари

Семејна кавга околу наследството на Коби Брајант

(ВИДЕО) Емотивни говори, музички настапи и многу солзи: Како помина комеморацијата во чест на Коби Брајант?

А1он

„Вашингтон пост“ ја врати на работа отпуштената новинарка по твитот за Коби Брајант

„Коби беше посебен“: Продолжуваат признанијата за Коби Брајант

А1он

По „Оскар“, Коби Брајант ја доби и наградата „Еми“

Ана Ололовска