Заев: Политичките партии ќе се финансираат од буџетот

Од:

Партиите нема да се финансираат од донации од физички и правни лица туку од државниот буџет, од каде за оваа намена треба да се издвојат неколку милиони евра, согласно постигнатите изборни резултати. Ова го потврди премиерот Зоран Заев по вечерашната двочасовна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Целта на финансирањето на политичките партии е измена која ќе ги направи буквално отпорни на политички влијанија, преку донациите, преку помагања од секаков вид“, рече Заев. „Ќе одиме на една ваква пресмтка која ќе овозможи многу поголема независност на сите политички партии во РМ“, изјави премиерот.

„И членарините и донациите и останатите приходи како што се кредитите или други приходи треба да останат. Ги има секаде во светот. Но, иако останат тоа значи дека политичките партии сè помалку ќе ги употребуваат кога ќе имаат една ваква независност“, вели Заев. Минутажите за рекламирања кај медиумите може ќе опаднат, за да биде издржливо во согласност со буџетот, изјави премиерот. Премиерот рече дека очекува за ова решение консензус и од останатите политички партии и граѓаните.

В. М.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија