ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Со автомобил прегази тројца израелски војници

Од:

Напаѓач со својот автомобил денеска се залета во припадници на израелските безбедносни сили и повреди тројца.

Во соопштението на полицијата се наведува дека возачот бил притворен откако го извршил нападот на паркингот во близина на железничката станица во Акри. Тие наведуваат дека мотив за нападот се националистички причини.

На видеото објавено на социјалните мрежи се забележува теренско возило кое врти кон паркингот со голема брзина и удира пешак, а на друга снимка се гледа како се качува на тротоар.

Полицијата соопшти дека возачот удрил тројца луѓе, од кои еден е паравоен полицаец, а другите двајца се војници.

Напаѓачот бил идентификуван како арапски граѓанин на Израел.

Би можело да ве интересира

ОН го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа