Општина Гостивар ги отстранува последиците и спречува поплави во повеќе населени места

Од:

Брзото топење на снегот поради високите температури, придружено и со врнежи од дожд, резултираше со последици во некои делови од Гостивар и во селата.

Екипи од Јавното претпријатие „Комуналец“ интервенираа во сите населени места каде што постојната канализациона мрежа нема капацитет да го прифати сиот прилив на атмосферските води што ги зафатија улиците, а како превентивна се чистат многу канали и потоци за да се спречи прелевање од коритата и да се спречи поплавувањето на куќите.

Населбите Бањешница и Грудајца, како и селата Форино, Балиндол и Мало Турчане беа најзагрозени, па затоа овие два дена се интервенираше токму во овие населени места.

Општина Гостивар има формирано кризен штаб, кој што во континуитет ја следи состојбата на теренот.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он