Европската унија се обидува да избегне зајакнување на улогата на САД и на Русија во земјите од Западен Балкан, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за телевизија „Еуроњус“ .
– Кога станува збор за пристапувањето на земјите од Западен Балкан, за проширувањето, тие (САД) немаат право на глас, одлуките се на Европската унија, не на САД. Ние ги почитуваме и го поздравуваме нивниот придонес, но не би сакал САД да играат голема улога во процесот, а во крајна линија тоа да доведе до зголемување на улогата на Русија, рече Јункер.
Тој, исто така, рече дека не ја принудуваат Србија да избира меѓу Русија и ЕУ, истакнувајќи дека Србите треба да имаат нормални односи со Москва и да одржуваат добри односи со Европа. Според зборовите на Јункер, процесот на европска интеграција „не е против никого”.