Дачиќ-Милановиќ: Не можеме да го промениме минатото, но можеме да ја промениме иднината

Од:

Не можеме да го промениме минатото, но можеме да ја промениме иднината, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ по средбата со хрватскиот колега Зоран Милановиќ, кој од своја страна рече дека дошол во Белград за да види „дали може да биде подобро“.

Средбата меѓу двајцата премиери траше два часа зад затворени врати. Подоцна на работниот ручек кон нив се придружија вицепремиерот Расим Љајиќ и хрватскиот заменик-министер за надворешни работи Јошко Клисовиќ.

На заедничка прес-конференција по средбата Дачиќ рече дека разговарале за ЕУ, за економската соработка, и за сите нерешени прашања, во кои „нема ништо ново и сите потекнуваат од 90-те години“ – бегалците, воените злосторства, исчезнатите лица, границите, жалбите, пензиите, имотот на претпријатијата, наследството од поранешна Југославија.

– Има многу прашања, по кои мислењата не ни се совпаѓаат, има и емотивни прашања, но знаеме дека треба да соработуваме. Се зборува дека средбата е организирана под притисок на Брисел, но сметам дека Брисел е изненаден дека средбата се оствари толку брзо, рече Дачиќ.

Зоран Милановиќ, кој беше иницијатор на денешната средба со Дачиќ рече дека таа можела да се организира и порано, но немало извесни пречки.

– Тука сум за да видам дали може да биде подобро. Минавме низ тежок период, а тоа само докажува дека политиката е не само разум, но и чувство. Нема ништо ново, освен дека изгубивме половина година, а зошто, сега не е важно, рече Милановиќ, истакнувајќи дека односите меѓу Загреб и Белград се важни не само за двете земји, туку и за регионот.

Милановиќ вети дека Хрватска ќе помогне „чесно“ на Србија во нејзината интеграција во ЕУ и без задни мисли ќе даде се од себе си.

Српскиот претседател Томислав Николиќ рече денеска дека пред посетата на Милановиќ требало да се сретнат претседателите на двете земји. – Не ми е јасно зошто Иво Јосиповиќ избегна средба со мене. Јас сум човекот кој ја претставува Србија и нејзините граѓани во земјата и во странство, рече Николиќ.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он