Теута Арифи и официјално кандидат за градоначалник на Тетово

Од:

Централниот одбор на ДУИ како највисок партиски орган меѓу два конгреси денеска на седница во седиштето во тетовска Мала Речица ја официјализираше листата на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори, изјави партискиот портпарол, Бујар Османи.

На денешната одлука, посочи Османи, претходеше шест месечен транспарентен прпоцес на предложување на кандидати почнувајќи од најмалите ограноци до Централното претседателство на ДУИ што ја предложи оваа листа.

– Централниот одбор едногласно ја изгласа и според оваа одлука наш кандидат за Тетово ќе биде вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, за Гостивар министерот за локална самоуправа Невзат Бејта. За Чаир Изет Меџити, во Струга ќе биде Арбен Љабаништи, за Дебар Ружди Љата, за Кичево Фатмир Дехари, за Врапчиште Бајрам Кадрија, за Пласница Исмаил Јаховски, за Боговиње Хазби Идризи, за Брвеница Енвер Пајазити, за Желино Фатмир Изаири, за Теарце Исен Асани, за Сарај Беким Мурати, за Студеничани Фати Исени, за Арачиново Брахим Ајвази и за Липково Садула Дураку, изјави Османи.

Тој посочи дека дополнително ќе бидат објавени имињата за уште две општини каде ДУИ го држи градоначалничкото место. За општините каде Албанците се малцинство Османи информираше дека упатиле повик до албанските опозициски партии за истакнување на заедничка листа за советници со цел да не се повтори како на минатите избори кога немало советници албанци во општините Битола, Охрид, Ресен и слично.

Во однос на кандидатурите на Арифи и Бејта како актуелни членови на Владата Османи појасни дека тие се уште не се избрани за градоначалнички функции и оти засега партиските органи не е разговарале што понатаму.

Одговарајќи на новинарско прашање околу можна средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети со коалицискиот оартнер Никола Груевски, Османи рече дека тие редовно и периодично имаат средби, но оти за следните неколку денови засега немаат закажано нов состанок.
Ги дементираше информациите околу наводна иницијатива на Ахмети за лидерска средба, бидејќи, како што рече, во овие клучни моменти за евроинтеграциите на Македонија како најважен приоритет не треба да се преземаат дејства што би го попречиле овој процес.
Претседателот Ахмети го повика СДСМ да се врати во институциите на системот како и да учествуваат на локалните избори.

– ДУИ презема највисока политичка и морална одговорност дека претстојните локални избори, како и сите останати изборни циклуси кога ДУИ учествувала во вкласта, ќе бидат според највисоките стандарди на ОБСИ и ОДИХР и ќе бидат фер и демократски рече Османи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски