OУ „Единство“ – Гостивар, два гранта од УСАИД и донација од Швајцарија

Од:

Во Основното училиште „Единство” со два добиени грантови од УСАИД, како и со швајцарска донација, со поддршка и на Општина Гостивар, во тек се бројни активности за подобрување на условите за работа и подигнување на квалитетот на образовниот процес.

Добиените грантови од УСАИД ќе се искористат за кабинетот за ликовно образование и за реализација на часовите по предметот граѓанска култура.

Швајцарската донација е наменета главно за кабинетот по биологија и се состои од микроскоп и четири печатачи, како и од елки за декорација на ходниците и другите училишни простории.

Вреди да се напомене, исто така, дека покрај веќе лиценцираните наставнички, обука во Нансен Дијалог Центар следат уште две други наставнички, а училиштето аплицирало за спроведување на Нансен моделот и се очекува во блиска иднина да започне реализацијата на истиот.

Инаку, во ОУ „Единство” наставата ја следат 1.300 ученици, на три наставни јазици: албански, македонски и турски.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он