Во Кавадарци масовно се краде вода за пиење, за пет години откриени 361 див приклучок

Од:

Во Кавадарци се краде вода за пиење, а само во последните пет години во оваа општина се откриени 361 див приклучок, за МИА потврди Ѓорѓи Поп Ицов, директор на Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци.

– Проблемот го решаваме на тој начин што на крадците им изрекуваме казна, им пресметуваме потрошени од 100 до 500 кубни метри вода. Им бараме плаќање на такса за приклучок, како и поставување на водомер, појаснува Поп Ицов.

Тој нагласува дека претпријатието, исто така, поднесува и кривични пријави против несовесните кавадарчани, кои на различни начини се обидуваат да крадат од водата за пиење, што до градот се носи педесетина километри од под планината Кожуф.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар