Таравари присуствуваше на симпозиумот на градоначалници во Виена

Од:

Во организација на Светската банка – Австриска програма за урбано партнерство, на 26 и 27 февруари во Виена, се одржа симпозиум на градоначалници на тема Одржливост и вклучување во урбаниот развој во Југоисточна Европа – Градовите за народот.

Во овој симпозиум учествуваа 150 градоначалници и претставници на локални самоуправи од седум земји од Југоисточна Европа, учествуваше и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Учесниците на симпозиумот имаа можност да се запознаат со напредокот и иновативните случувања во градовите на Југоисточна Европа и пошироко.

„Ова беше добра можност да дискутираме за одржливоста на локалниот развој, одговорноста и вклучувањето на јавноста во подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните”, вели градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Градоначалникот Таравари, престојот во Виена, го искористи и за средби со наши сограѓани кои живеат и работат во Австрија.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар