Захариева: Советот на ЕУ денеска нема да донесе одлука против Полска

Од:

Бугарската заменик-премиерка Екатерина Захариева, која претседава со денешниот состанок на Советот за општи прашања на ЕУ, изјави дека министрите нема да донесат одлука против Полска.

Таа наведе дека заменик-претседателот на Комисијата Франсоа Тимерманс ќе го претстави предлогот на ЕК за активирање на членот 7 од договорот за ЕУ против Варшава. Захариева додаде дека подоцна, главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние со Советот ќе го разгледа текот на разговорите со Лондон.

Вицепремиерката ќе ги запознае колегите со приоритетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ.

– Стратешки приоритет за нас е поврзаноста на Западен Балкан и неговата европска перспектива. Според нас, сега има можност регионот да добие политички знак дека местото на нашите пријатели и соседи е во Европа, кога се подготвени, рече Захариева.

Европската комисија на крајот од декември му предложи на Европскиот совет да почне постапка против Полска според членот 7 од Лисабонскиот договор, што би довело да доведе до одземање на правото на глас на Полска во институциите ЕУ. Тоа е првпат ЕУ да отпочне ваква процедура против држава членка.

Европската комисија ја обвинува Полска дека ги прекршила правилата на ЕУ за владеење на правото, откако полскиот Парламент донесе закони за правосудни реформи.

Предлогот на Европската комисија за активирање на членот 7 е доставен до Европскиот совет, каде Полска не може да го употреби своето право на вето, но други држави, како Унгарија, најавија дека ќе го блокираат и нема да дозволат да се оди до крај и на Варшава да и се одземе правото на глас во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Германија протера авганистанско семејство, Варшава го осуди овој потег како кршење на законот

Горан Наумовски

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on