Обвинителството на Јужна Кореја денеска побара 30 години затвор за поранешната претседателка Парк Хеун-хје поради вмешаност во корупциски скандал.
Парк по масовните протести е сменета и потоа уапсена во март минатата година под обвинение за примање мито, злоупотреба на службената положба и принуда. Таа ги негира сите обвиненија.
Поранешната претседателка на Јужна Кореја и денеска не беше присутна на судската седница. Датумот за изрекувањето на пресудата дополнително ќе биде соопштен.
Ако судот потврди дека е виновна, Парк ќе биде трет осуден јужнокорејски претседател.
Другите двајца јужнокорејски претседатели се осуден за државен удар во 1979 година и за маскр над цивилите во 1980 година.