ВМРО-ДПМНЕ: Политичката дебата да се насочи во институционална рамка

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на изјавата на Јани Макрадули од СДСМ апелира опозицијата да се врати во Собранието и политичката дебата да ја насочат во институционална рамка.

– Тоа е она кое што граѓаните го очекуваат од нив, да работат за нивните интереси и интересите на државата и да се однесуваат рационално, сериозно и демократски, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, потезите на СДСМ се во насока да се заштити кариерата на Бранко Црвенковски и да се затскријат неговите неуспеси и погрешни политики. – Ако Јани Макрадули одбрал да биде заложник на кариерата и политиките на Бранко Црвенковски, тогаш тоа е негово лично право и избор. Но Јани Макрадули, како и целото раководство на СДСМ не смеат и понатаму да ја држат во залог судбината и иднината на целиот народ и на Република Македонија, креирајќи фиктивна реалност, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

Од Макрадули, како што се наведува во реакцијата, очекувале да се извини за оштетувањето на компјутерската и комуникациската опрема  во Собранието и за обидите и заканите за физичкиот напад врз повозрасна пратеничка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски

СДСМ: Дали и Савески е на екскурзија?

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски