Епл ќе претстави ајфон со екран од 6,5 инчи

Од:

Американскиот технолошки гигант Епл планира во текот на 2018 година да претстави три нови телефони, меѓу кои ќе биде досега најголемиот ајфон.

Епл се обидува да го надомести релативниот неуспех на ајфон 10, кој во последниот квартал од 2017 година се продаде во 77,3 милиони примероци, наспроти очекувањата од над 80 милиони. Една од најавите е дека Епл ќе излезе со поефтина верзија на ајфон 10, чија висока цена од 1.000 долари се смета за главен проблем за слабата продажба. Дополнително, Епл ќе претстави и нова, технолошки понапредна верзија на ајфон 10, која ќе биде со истата големина.

Но, најмногу возбуда предизвика најавата за голем мобилен телефон со екран од 6,5 инчи. Голем како некој од помалите таблет компјутер, телефонот ќе биде поголем и од досега најголемиот ајфон – моделот 8 плус, и ќе овозможи работење на поделен екран.

Би можело да ве интересира

Дејли мирор: Епл ќе го купи Манчестер јунајтед

Повеќе лица излегле од продавница во Амстердам каде вооружено лице држи заложници

А1он

Заложничка драма во продавница на Епл во Амстердам

А1он

„Епл“ достигна пазарна капитализација од 3.000 милијарди долари

А1он

Епл тужи израелски производител на шпионски софтвер

А1он

Поради недостиг на чипови, намалено производството на Ајфон 13

А1он