Во Куманово фрлени 70 тони сол на улиците

Од:

Седумдесет тони сол се фрлени на улиците во Куманово во последните 24 часа, ангажирани се две компании за зимско одржување на улиците кои го чистат градот со шест тимови, информираше денеска градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.

Првично исчистени се најфрекфентните улици, потоа сообраќајниците од втор степен, а во третата фаза се селата.

– Имавме интервенции во неколку села по нивно барање, каде што имаше застој во сообраќајот, успешно е исчистен снегот. Во моментов имаме повторно снежни врнежи и верувам дека доколку се задржи овој континуитет во вечерните часови ќе ангажираме по потреба и дополнителни тимови кои што ќе работат на расчистување на снегот. Верувам дека Општина Куманово ќе се справи успешно со состојбата, изјави градоначалникот Димитриевски.

Тој потсети на законската обврска, стопанствениците да ги исчистат приодите пред дуќаните и потенцираше дека екипите на Јавното претпријатие „ Чистота и Зеленио“ рачно ги чистат јавно прометните површини, плоштадот, тротоарите, приодите до одредени институции, установи. Димитриевски апелираше до возачите да не ги оставаат автомобилите на места кои што треба да се исчистат од снег и апелираше до МВР да покажат нулта толеранција кон несовесните возачи кои со своето однесување го отежнуваат непреченото функционирање на сообраќајот.

Двете приватни компании кои се задолжени за чистење на улиците го добиле тендерот лани и им се исплаќа месечен паушал – на едната околу 800.000 денари, а на втората 1,1 милион денари.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони