Уругвајското „боемско“ село Хосе Игнасио како туристичка атракција ви го нуди одморалиштето „Бахиа Вик“, кое за кусо време ќе Ви докаже дека сте го направиле вистинскиот избор за летување.
Комплексот е составен од 11 бунгалови, и се наоѓа близу познатите песочни дини на Манса плажата, а посетителите ќе можат слободно да ги истражат и островите Горити и Лобос, кои се во непосредна близина. Во понудите е вклучено и едрење и лов на околните езерца.
Внатре, во бунгаловот ве дочекуваат листа опции кои може и да ве натераат да останете внатре цел ден.
За гурманите, има и четири луксузни „ВИК“ ресторани, во коишто се сервираат уругвајски национални јадења, но и современи морски специјалитети.