Вајгл и Кукан ги поддржуваат активностите за подобрување на соработката на парламентарното мнозинство и опозицијата

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денес оствари протоколарна средба со пратениците на Европскиот парламент, г. Иво Вајгл и г. Едуард Кукан, кои се наоѓаат во посета на Република Македонија во рамките на Конференцијата на парламентарните Комисии за европски прашања и интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, што се одржува во Собранието на Република Македонија.

Претседателот Џафери ги информираше европратениците за тековните активности на Собранието на Република Македонија и за последните случувања во земјата на политички план.

Од своја страна, европратениците изразија задоволство од постигнатите резултати и стабилизацијата на работата на законодавниот дом. Исто така, изразија подготвеност да ги поддржат сите активности кои би ја подобриле соработката на парламентарното мнозинство и опозицијата, со цел да се заокружат реформските процеси и земјата да се движи во позитивна насока на патот кон пристапување во Европската Унија.

На оваа протоколарна средба, уште еднаш, се потврдија заложбите на Европскиот парламент да се зајакне соработката со Собранието на Република Македонија во насока на поддршка на евроинтегративните процеси на земјата и реализацијата на реформските процеси, неопходни за добивање на позитивен извештај за напредокот на Република Македонија и за отпочнување на преговори за полноправно членство во европското семејство.

Би можело да ве интересира

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани