Проодни сите локални патишта и главни градски сообраќајници во Гостивар

Од:

Под надзор на Општина Гостивар и во координација со економскиот оператор за зимско одржување на патиштата, како и со двете јавни претпријатија „Комуналец“ и „Јавни паркиралишта и зеленило“ интензивно се работи за чистење на снегот од патиштата, улиците, тротоарите и другите јавни површини.

Во текот на ноќта постојано се работеше на терен и како резултат на тоа сите локални патишта и главни градски сообраќајници се проодни, а по потреба фрлена е и сол на патиштата и улиците.

Од утрото, се чистат и споредните улици, додека екипи на двете општински претпријатија ги чистат тротоарите и другите јавни површини.

Службата за зимско одржување при Општина Гостивар, состојбата ќе ја следи 24 часа на ден.

Потсетуваме дека сопствениците на деловни простори имаат законска обврска да ги чистат површините пред нивните дуќани, а апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила неправилно, за да не го попречуваат ефикасното чистење на улиците.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија