Четворица обвинети за крвавиот четврток се уште недостапни на полицијата

Од:

Четворица осомничени за настаните од крвавиот четврток сè уште ѝ се недостапни на полицијата, потврдуваат од МВР за „Макфакс“. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдија дека за четворицата осомничени постапката ќе започне по нивното пронаоѓање.​ Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор и веднаш штом ќе бидат пронајдени, ќе бидат спроведени во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Со националната потерница, која беше објавена на 27 декември, се бараат Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски, Александар Василевски – Нинџа и Питроповски Митре. Полицијата во јануари објави и меѓународна потерница. Беше пронајден само Младен Додевски. Имињата на Митревски и Василевски неофицијално се поврзуваат и со бегството на двајцата ексразузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција минатата недела до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави предлог за продолжување на мерките што беа претходно изречени за 20 лица од 35 осомничени за случувањата од 27 април: За 13 лица Обвинителството достави предлог за продолжување на мерката притвор; за седум лица предлог за продолжување на мерката куќен притвор, за едно лице продолжуваат мерките на претпазливост до завршување на постапката.

За двајца осомничени што подоцна се притворени Обвинителството дополнително ќе достави предлог, а за едно лице решението за продолжување на мерката притвор е порано донесено. Во меѓувреме Апелациониот суд во Скопје врз основа на жалбите на одбраната им изрече мерка куќен притвор на седум лица. ​

В. М.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски