Еврокомесарот за проширување Штефан Филе испратил писмо до шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, во кое предложил нова рамка со која Европската комисијата би имала директен увид во процесот на преговори за името.
Филе, како што пренесува Дојче веле, предлага трилатерална средба, на која ќе присуствуваат Филе, Аврамопулос и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.
Еврокомесарот побарал од двете страни да назначат свои претставници, а за негов личен преставник го назначил директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино.
Целта на новата рамка е да се надградат заклучоците за Македонија од декемврискиот Совет на ЕУ.