Акција за заловување кучиња скитиници во Куманово

Од:

Екипи на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ под монторинг на надлежните инспекциски служби од општина Куманово, денеска и утре ќе ги заловуваат кучињата скитници во Куманово.

Во денешната акција заловени се 20-тина кучиња во поширокото централно градско подрачје. Кучињата кои се заловуваат, појасни комуналниот редар Гордан Таневски ќе бидат вакцинирани со вакцини предвидени со правилникот и согласно Законот за благосостојба и заштита на животните.

– Ќе се чуваат 30 дена по правилникот ко је важечки и кој произлегува од законот, ќе се понудат за вдомување, ако не бидат вдомени, ќе бидат пуштени на местото каде што се заловени, изјави Таневски.

Додава дека кучињата кои се заловени во претходните акции се вакцинирани, кастрирани и обично не претставуваат проблем за граѓаните.

Од почетокот на реализацијата на тендерот, за кој годинава општината одвои 800.000 денари, заловени се околу 350 кучиња скитници. Општина Куманово е една од ретките општини во Македонија која ја спроведува акцијата на годишно ниво. Инаку, за оваа година од општинскиот буџет, за акции за заловување на кучиња скитници, предвидени се милион денари.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување