Вчера околу 12:45 часот на ул. „Козара“ во Скопје пред влез во зграда, непознато лице ја пресретнало скопјанката А.Т.(66) и со физичка сила ја турнало на подот, а потоа со закана со нож извршило разбојништво, одземајќи и мобилен телефон и 650 денари.
На А.Т. и е укажана лекарска помош во ГОБ Св. “Наум Охридски” при што и се констатирани телесни повреди и истата е пуштена на домашно лекување.
По превземени оперативни мерки и активности од страна на СВР Скопје пронајдено е лицето кое го извршило разбојништвото, станува збор за Н.Х.(31) од Скопје, против која по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Н.Х. и порано е кривично пријавувана за извршени „кражби“ и „тешки кражби“.