Анализа: Целосно непочитување на законите и преиспитување на работата на судииите

Од:

Анализата на дванаесет правосилни судски случаи за предмети процесирани во изминатите десет години покажува целосно непочитување на законите и една голема потреба од сериозно преиспитување и на работењето на судиите и на судската практика во Македонија, изјави денеска претседателката на Транспаренси интернешнл-Македонија Слаѓана Тасева.

Согледувањата се поразителни, посочи Тасева на денешната промоција на темелната анализа „Правосудниот систем под лупа“, и оваа книга ќе претставува сведоштво за едно нестручно, несоодветно, незаконско работење на правосудниот систем во Македонија.

– Очигледно е дека се направени многу повреди на законите, а со тоа и многу неправди. Почнувајќи од тоа како е определуван притворот без образложение, понатаму дека обвинителните акти не содржат конкретни дејствија и описи на дејствија за поединци кои целосно се игнорираат. Во пресудите ги нема решителните факти од тие предмети и не можеме да видиме ни кој какво дејствие сторил и за кое дејствие му е изречена мерката, изјави Тасева.

Посочи дека одговорноста може да биде поединечна, но дека одговорноста овде е и системска затоа што не може сите инстанци во нашето правосудство да не видат дека станува збор за незаконско работење од страна на судовите и вклучените во постапките.

Во однос на досегашниот процес на реформи во правосудството Тасева, рече дека досега немаме видено реформи.

– Видовме само обид да се направи стратегија. Овие наоди треба да бидат силна поука за натамошното работење на правосудните органи. Оваа книга не смее да ја игнорира ниту еден кој сака да седи во судница и биде добар судија, изјави Тасева.

Анализа „Правосудниот систем под лупа“ е изработена од Транспаренси Интернешнл-Македонија и Зелена лупа од Скопје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ