Во најновиот годишен извештај на невладината организација за човекови права со седиште во Вашингтон, Фридом хаус, Македонија е во групата на делумно слободни земји.
Во неа, меѓу другите се и Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Украина и Пакистан. Македонија и во двете сфери: човекови права и со политички слободи е оценета со тројка. Во овие земји е ограничено почитувањето на политичките права и граѓански слободи.
Тие страдаат од корупција, слабо владеење на правото, етнички и верски судири и политичка сцена на која една партија е доминантна, и покрај одреденото ниво на плурализам.
Како слободни земји од регионот, во кои спаѓаат оние со политичка конкуренција, кои ги почитуваат граѓанските права и човекови слободи и имаат независни медиуми, се најдоа Србија, Хрватска и Црна Гора, се наведува во извештајот на „Фридом хаус“
Во извештајот кој се однесува на 195 земји во текот на минатата година се констатира дека има пад во почитувањето на слободите во светот.