Општина Гостивар: Ќе се подобрат условите во ромската населба „Дупка”

Од:

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски и претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибрахимовски престојуваа во општина Гостивар, при што, во придружба на градоначалникот Арбен Таравари ја посетија т.н. ромска населба “Дупка” во Гостивар.

Нивна заедничка констатација беше дека условите за живот во ова соседство се мизерни и дека ваквата ситуација може да се надмине само со координирани мерки на локалните и државните институции.

„Оваа населба се наоѓа во јадрото на градот и навистина е недостојно во 21 век да се дозволи граѓаните на една цела населба да живеат во вакви услови. Најпрвин ќе се изготви акционен план во соработка со Министерството за транспорт и врски, и за две-три години ќе се комплетира инфраструктурата и оваа населба ќе заличи на урбана населба”, истакна Таравари.

Министерот Ахмедовски рече дека е трогнат од она што го гледа, но исто така е оптимист со оглед на позитивното расположение на градоначалникот Таравари и поддршката на ресорните министерства, ќе се подобрат условите за живот во оваа населба и таа ќе се претвори во елитна населба.

Вреди да се напомне дека во општина Гостивар, веќе е вработен припадник на ромската заедница, како соработника за прашања поврзани со Ромите.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар