Едукација за медицинските сестри од кумановската болница

Од:

Медицинските сестри од кумановската општа болница се обучуваа на тема „Со вистинско лидерство и темелен менаџмент до максимално успешна болница“.

Преку практични примери кои беа презентирани на денешната обука, одговорните медицински сестри, учеа како да ги надоградат своите вештини и да ја подобрат комуникацијата и ефикасното делување кон пациентите.

Предавањето го одржа истакнатиот обучувач, универзитетскиот професор Лазар Ѓуров, кој смета дека во услои и период кога здравството се соочува со реални проблеми поради недостиг на ресурси, раководството на болницата покажува интерес за едукација на кадарот. Дополнителната едукација е значајна и покрај претходната што ја имале медицинските сестри во делот на управувањето и лидерството.

– Во болницата работат луѓе кои се стручни, во нивната едукација имале одерена едукација во делот на менаџментот или лидерство, но ова е дополнителна доедукација за да можат поуспешно да ги извршуваат своите должности. Навистина е прекрасно што раководството е отворено за таква едукција и денеска преку обработката на темите ќе им дадеме сознанија, насоки како тоа да го имплементираат во секојдневното функционирање за да може пациентите да бидат позадоволни и болницата да функционира успешно, изјави Ѓуров.

Валентина Стојмировиќ, главна сестра во општата болница Куманово смета дека со ваквите обуки сестрите ќе ја подобрат комуникацијата не само со пациентите, туку и меѓусебно и со остантиот персонал во болницата.

– Вакви обуки ќе организираме почесто, едукацијата н неопходна за успешни резултати на болницата, изјави Стојмировиќ.

Надлежните од болницата најавија дека и во иднина ќе организираат едукација на различни теми за медицинските сетстри во болница.

Кумановската болница ја покрива територијата на североисточниот регион и нуди услуги за приближно 150.000 жители од општините од североистокот.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!