Тричковски: Македонија да го симне руското знаме од терасата на Бачев

Од:

Новинарот Бранко Тричковски на неговиот Фејсбук профил објави фотографија од канцелариите на Единствена Македонија, чиј претседател е Јанко Бачев на која се гледа дека се истакнати знамиња на Русија, партијата и шестнаесеткракото сонце.

Тој пишува дека очекува Русија да испрати протестна нота, а Македонија и без реакцијата на Руската Федерација да интервенира и да го симне тоа знаме.

„Како треба да се однесува нормалниот свет кога Јанко Бачев ќе ги обеси покрај себе Александар Трети Македонски и Владимир Владимирович Путин!?
Можеби треба да се очекува дека Москва ќе упати протестна нота по повод ова сквернавење на руското знаме на територијата на Република Северна Македонија!?
Република Северна Македонија и без реакцијата на Руската федерација, би требала да интервенира и да го симне руското знаме од оваа гнила тераса, а товаришот Бачев да го однесе на местото на пресно ослободениот Бетмен!
Александар Трети Македонски, кој речиси 2,5 милениуми се води како исчезнат, не би можел да се вклучи во расправата, освен, можеби, со некоја смс порака и знамето со сонцето од Вергина да се симне од воздушниот простор на Северна Република Македонија.
Да не мора ние од “Корзо” да интервенираме“ пишува Тричкоски.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска