Заев: Балканот денес претставува мост на пријателство, не е веќе буре барут

Од:

Балканот веќе не е буре барут. Западен Балкан денес претставува мост на пријателство, многу блиску до Европската Унија и до нејзините вредности. Ова го истакна претседателот на Владата, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со влијанијата врз Западен Балкан и економските очекувања од Унијата. Заев е категоричен, за Балканот не постои друга алтернатива освен членството во ЕУ.

„Точно е дека интересот за регионот и за Западен Балкан и за целиот Балкански полуостров е голем. Присутна е Кина, присутна е Русија, присутна е Турција. Зборувам за големи земји, но како што реков нема алтернатива во регионот освен полноправно членство во ЕУ. Нашите граѓани се за полноправно членство во ЕУ не само затоа што сме на Европскиот континент, туку и затоа што веруваме и во вредностите на ЕУ. Затоа што и искреното пријателство на Германија и на земјите членки го гледаме секој ден преку поголемите грантови и донации, преку ИПА фондовите, преку она што значи поддршка за нашата инфраструктура, нашето образование, и нашето здравство, и сите други области кои што значат унапредување. Берлинскиот процес е само нова алатка која што дефинитивно ги дава своите резултати“, рече Заев на прес-конференцијата со германската канцеларка Ангела Меркел, за време на неговата официјална посета на Берлин.

Додаде дека нашата земја ги очекува новите проекти, меѓу кои изградбата на коридорот 8 кој што треба да направи поврзување на Јадранското море преку Македонија со Бугарија, до Црното море па сè до Истанбул. Заев појасни дека се работи за важни коридори кои што се развиваат и најголем дел од средствата доаѓаат или од грантовите преку ИПА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во Германија, најмалку петмина мртви

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд – измерени 41,3 степени Целзиусови

Баварскиот премиер бара укинување на социјалната помош за Украинците во Германија

Горан Наумовски

Драма во хемиски парк во Германија: Истече отров, има голем број повредени

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Пентагон го откажува планот за испраќање ракети „Томахавк“ во Германија