Посетата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на Скопје, претставува порака самата за себе. Тој ја почнува турнејата по земјите од западен Балакан и прва станица е токму Скопје и тоа е порака самата за себе.
Ова го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар на прашањето на МИА, за тоа каква порака носи Јункер во недела во Скопје.
-Од друга страна познато е дека ЕУ е тука за вас. ЕК на многу јасен начин спомна во стратегијата дека местото на земјите од западен Бакан е во ЕУ. Неговата порака е охрабрувачка да ги забрзате реформските процеси со што ќе го скусите патот до ЕУ, изјави Жбогар.