Во Основниот суд – Штип доставени се 110 барања за амнестија на осуденици, на кои пресудите им се донесени во овој суд, информираше денеска судијата-кривичар и воедно портпарол на судот, Сашко Ѓеоргиев.
– Од овие 110 барања за истакнување е дека за четири осудени лица до шест месечна казна затвор целосно се ослободени од извршувањето на казната затвор, а за останатите барања за амнестија казната затвор е намалена за 30 отсто, согласно Законот за амнестива, вели Ѓеоргиев.
Тој потенцира дека сите 110 предмети се решени од страна на судиите, но како што вели, пристигнуваат и нови предмети.