Последното возење со најстарото метро во светот

Од:

Еден од најстарите системи на подземна железница „La Brugeoise“ во Буенос Аирес, на 11 јануари замина во пензија, што многумина Аргентинци, но и туристи го искористија како последна шанса да се повозат во старите вагони.

„La Brugeoise“, стогодишниот систем за превоз што првично му служеше на стопанскиот систем, се смета за едно од најстарите метроа кои и натаму функционираат. Кога било пуштено во употреба, во далечната 1913 година, било првото метро во Јужна Америка, на што Аргентинците се особено горди.

Деведесетте белгиски вагони изработени од дрво секојдневно сообраќаа веќе цел век, превезувајќи дневно околу 160.000 патници. Во овие вагони се снимени бројн и филмови, дејствијата на многу романи се поврзани за неговите станици, па од тие припини „La Burgeoise“ стана дел од културното наследство на Буенос Аирес.

Кога првата серија вагони дошле на пробно возење Аргентинците ги гледале како вистинско мало чудо. Со шест прозорци украсени со завеси, овие превозни средства веднаш им влегле во срцата на жителите на Буенос Аирес, станувајќи дел од нивното секојдневие.

Затоа и не чуди големиот број од оние кои на 11 јануари дојдоа на станиците на „La Burgeoise“ за последен пат да го поздрават својот стар другар. Многумина ја искористија шансата за последен пат да се повозат во вагоните и да се сликаат на влезот во нив, тврдејќи дека се радуваат на новите кинески современи возила, но дека „La Burgeoise“ засекогаш ќе биде во нивните срца.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ