Во Гостивар ќе се одржи јавна дебата со НВО-и

Од:

Општина Гостивар е меѓу избраните пилот- општини во која започнува да се имплементира проектот на УНДП – Регионална Програма за Локална демократија на Западен Балкан. Во рамки на предвидените проектни активности, НВО-и и Општината ќе ги надградат основните познавања за транспарентниот модел на финансирање на НВО-и, а ќе се креира и методологија за финансирање на НВО-и од општинскиот буџет.

Во рамките на проектните активности, во понеделник (26.02.2018) со почеток во 13:30 часот, во салата на Младинскиот совет при Општина Гостивар, че се одржи јавна дебата.

„Ги покануваме невладините организации да учествуваат на јавната дебата на којa ќе се дискутираат дефинираните Приоритети, очекувајќи од страна на НВО-и, мислења, сугестии и предлози за истите. По дискусиите околу приоритетите, на настанот ќе бидат избрани двајца членови кои ќе се предложат од страна на НВО-и, членови и заменици членови во комисијата за оценување на апликациите“, вели Дашмир Османи – координатор на проектот ReLOaD.

На средбата ќе учествува и екипа на УНДП.

Би можело да ве интересира

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски