Јапонија обвини за наводно ново прекршување на санкциите кон Пјонгјанг, откако открила „најверојатно префрлување на стоки“ меѓу брод со натпис на кинески и севернокорејски брод.
– По сеопфатна анализа (на ситуацијата) јапонската Влада има силни сомнежи дека се остварени трансфери на стока меѓу бродовите, забранети со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, соопшти јапонското Министерство кое за инцидентот ги известило и ОН и засегнатите страни.