Повредите на Села биле животозагрозувачки

Од:

Повредите што го добил пратеникот Зијадин Села за време на насилставата во Собранието на 27 април минатата година, биле тешки и животозагрозувачки, кажа денеска пред судот вештото лице д-р Здравко Чакар.

На денешното продолжение на судењето за обидот за убиство на Села, Чакар ги потврди наодите што ги дал и пред Обвинителството. Посочи дека од повредите што му биле нанесени на Села, најопасна и најтешка било нагмечувањето на мозокот и десно-челниот оток. Опасноста по животот била од оштетувањето на мозочното ткиво.

Во овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Би можело да ве интересира

Села најави политичка офанзива по ребрендирањето во „Албанска лига“

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Села ќе формира нова партија „Албански сојуз“