СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да ја реконструира Универзална сала, наместо тоа потроши милиони евра за лажен барок

Од:

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за Универзална сала, за 11 години колку што управуваше со Владата и со Град Скопје ќе го реконструираше овој објект од значење за градот и граѓаните.

Но наместо тоа ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра пари на граѓаните за лажен барок, гипс-картон, споменици и инсталации во коритото на реката Вардар, со што освен што криминално и расипнички ги потроши парите на граѓаните, ја доведе во прашање и безбедноста на Град Скопје и неговите граѓани.

Од ВМРО-ДПМНЕ немаат кредибилитет да зборуваат за Универзална сала и Град Скопје, после сè она што му го направија на градот, по што беа жестоко казнети од граѓаните на последните локални избори. Промената на локалната власт во Скопје значи и враќање на сјајот на Универзалната сала како што заслужуваат граѓаните.

Град Скопје конечно доби отворена, одговорна и услужна градска администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов, којашто работи во интерес на граѓаните и градот и којашто ги решава наталожените проблеми создадени од неодговорното, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата за медиуми на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда