ССК: Награда за Арсовска на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели

Од:

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели во Истанбул, Турција е добитник на наградата – „Најдобар пример за бизнис жена во Југоисточна Европа“.

На светскиот форум има вкупно шест добитници од целиот свет, а покрај Арсовска награда добија и Баласз Ракози државен секретар на Министерство за национална економија на Унгарија и лидер на делегација на Вишеградската четворка, Даун Хетзел од САД, претседател на ЈСК, Филипе Араујо, вице градоначалник на Порто, Потугалија и Претседателот на Република Македонија, Н.Е. Ѓорѓе Иванов.

Претседателот на глобалната организација „Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели – Турција“, Бајбарс Алтунташ на доделувањето на наградата истакна дека да се биде препознатлив во бизнис светот не е воопшто лесно, за жените пак е уште поголем предизвик.

„Жените сочинуваат 50.8% од популација, 60% од нив завршуваат додипломски студии, а 44% се магистри по бизнис и менаџмент, сепак овие бројки не се рефлектираат на силни позиции во менаџментот. Но постојат личности кои ја менуваат оваа пракса, една од нив е Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, совршен пример за жена во бизнис светот“, изјави Алтунташ.

За време на тридневниот форум, Претседателот на ССК ќе биде и специјален говорник на „Самитот за влијанието на инвестициите“ со фокус на „Влијанието на жените лидери во процесот на инвестирање со добивка“.

Светскиот конгрес на бизнис ангели 2018 е домаќин на повеќе од 1.200 делегати од над 70 земји од целиот свет, организирани се 5 различни самити на значајни економски теми на кој дискутираат еминентни личности од политиката, бизнисот, науката, коорпоративната елита.

Целта на Светскиот форум на бизнис ангели е поврзување на бизнис ангелите, менаџерите на фондови, на берзи, извршни директори на коорпорации во насока на размена на најновите информации за движењето на капиталот и паметно инвестирање.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска